М&СО е економско правно биро кое овозможува највисоко ниво на услуги во кадровски технички и организационен поглед.
Во својата работа се раководи од основните принципи на сметководственото работење и тоа:
- Навременост во изработување на документацијата
- Максимална доверливост кон клиентите, загарантирана тајност на работењето на клиентите
- Навремено информирање за новините во законските прописи
Почитувањето на овие принципи резултира со обезбедување на насоки на нашите клиенти во нивното финансиско и сметководствено работење
М&СО ги врши следните услуги:
- Комплетно финансово книговодство(компјутерско водење на книговодство)
- Изработка плати
- Поднесување електронски МПИН
- Приемни листови во трговијата
- Трговски книги
- Регулирање на стаж
- Пријава одјава на работници
- Регистрација на фирми во Централен регистар(ДООЕЛ, ДОО, ТП, подружници, странски претставништва и сл.)
- Сите промени на фирмите во Централен регистар.
- и слични услуги кои се поврзани со фирмите за нивно непречено работење
М&СО е специјализиран центар со многугодишно искуство за практична обука на лица за водење на сметководство. Лицата обучени во нашето биро , веќе работат во мали, средни и големи фирми, банки итн.